Поради банална причина се случило убиството на велешанецот, убиецот немал дозвола за пиштолот!

by fokus

Вчера попладне во Подлес, Градско, по расправија пред куќата на С.СИ. (61), тој извадил пиштол ,,Црвена застава” и пукал кон велешаните М.В. (44) и М.С. (42) со кои имал недоразбирања.

Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д (42) додека со тешки телесни повреди се здобил М.В (44) кој бил транспортиран во велешка болница. Смртта кај М.Д. ја констатирал лекар на Итна медицинска помош од Велес.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.

Како што дознава ,,Фокус”, помеѓу тројцата мажи расправиите и нетрпението траеле подолго време. Тие имале недоразбирање околу приклучок за вода, и во минатото во повеќе наврати се расправале, но случаите не биле пријавени во полиција.

Убиецот пак, немал дозвола за поседување на огнено оружје.

Инаку, Подлес, на околу 15 километри од Градско, е доста богато со вода. Ова место е познато по многуте извори на вода, по многуте чешми, но и по вештачкото Подлеско Езеро.

Како што информираат од СВР Велес, увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости