Поплавени 29 градови и села по нападот на браната Каховка

by fokus

Дваесет и девет градови и села долж реката Дњепар се поплавени по нападот на браната Каховка, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

На апликацијата Телеграм, Клименко објави дека 10 од тие населби се на украинската страна на реката. Шефот на украинската воена администрација во Херсон, Олександр Прокудин, претходно објави дека Украина евакуирала околу 1.700 луѓе од поплавените подрачја до 13 часот по локално време.

Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на браната, што доведе до поплави кои раселеа илјадници луѓе и оставија стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење.

Киев тврди дека пукањето на руската брана е „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва вели дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.

Поврзани новости