Полицијата поднесе кривична пријава против директор на охридската болница за тендер од 700.000 денари

by Фокус

СВР Охрид поднел кривична пријава против 61-годишниот Љ.А.(61) од Охрид поради злоупотреба на службена положба, за време на директорувањето со ЈЗУ Општа болница Охрид, информираа од МВР.

„Тој, со искористување на својата службена положба и овластување, без утврдена потреба повел иницијатива и дал налог да се спроведе постапка за јавна набавка на медицинска опрема и делови од медицинска опрема-две машини за миење и дезинфекција на инструменти за потребите на ЈЗУ Општа болница Охрид. Тоа го направил без претходно да има добиено такво барање од некое одделение од болницата за набавка на таква опрема и без целосна и конкретна спецификација за потреба од набавка на истата, и без да наведе дека тие се несоодветни машини кои немаат практична можност за употреба за ваков вид на здравствена установа“, велат од полицијата.

Инаку, постапка за јавна набавка била спроведена од 22.11.2012 година, а на 21.12.2012 година, пријавениот, во име на охридската болница, склучил договор со фирмата ЕВРО Тим, со која ја реализирал набавката на спорните машини за миење и дезинфекција во висина од 703.394 денари.

Поврзани новости