367
Демонстрантите откако поминаа пред ЕУ инфо центарот, се упатија кон Собранието. Но, таму ги пречека непријатно изненадување: полициски кордон е поставен околу оградата на Собранието, на околу десетина метри.
За разлика од претходните деновите кога полицијата беше во дворот на Собранието, сега пристапот на незадоволните граѓани барем до дворот на собраниската зграда им е оневозможен.
Демонстраните се гневни поради ова, а организаторите се обидуваат да ги смират. Во овие моменти, незадоволните граѓани на полицајците им ја пеат песната „Во борба македонски народе“ .