Почната постапка за отповикување на почесниот конзул на Унгарија во Битола

by Fokus

Почната е постапка за отповикување на почесниот конзул на Унгарија во Битола Сашо Јанакиевски.

– Во текот на вчерашниот ден Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со нота добиена од Амбасадата на Унгарија во Скопје е известено дека министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто го отповикува од мандат Сашо Јанакиевски, почесен конзул на Унгарија во Битола, информира МНР.

Дел од домашните медиуми објавија дека Јанакиевски е сопственик на компанијата „Еко клуб“ од Битола. Според градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, оваа фирма несоодветно го третира медицинскиот отпад кој завршувал на депонијата Дрисла.

Поврзани новости