Починаа уште четворица заразени од Ковид-19, вкупно 785

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 393 заразени од Ковид-19, а во истиот период починале и четворица пациенти.

-Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.), информираат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-34, Куманово-7, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-4, Радовиш—2, Пробиштип-2, Берово-5, Валандово-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.555, бројката на оздравени пациенти е 16.099, на починати е 785, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.671.

Поврзани новости