Почина жена од Крушево од корона вирус

by Fokus

Нов смртен случај на Ковид-19 во Крушево, откако жена на 54-годишна возраст попладнево ја загуби битката со новата опасна зараза.

Таа добила позитивен текст на Ковид-19 пред само пет дена, а ова е четврт смртен случај предизвикан од корона вирусот во овој град.

Од почетокот на пандемијата, во Крушево се регистрирани 48 случаи, додека пак активни се 25.

Поврзани новости