Николоски: Соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива е „пионерско дело“

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на дневникот на телевизија Сител говореше за соработката со АА и Алтернатива.

Како што рече тој, ова е почеток на една соработка на идеолошки и принципиелни основи.

„ Ние сме конзервативни центар-десни партии и најважниот елемент тука е што првата соработка или првото јавно претставување на оваа соработка го прави фондацијата „Конард Аденауер“ која што е најголемата германска фонадација на владеачката партија ЦДУ на Меркел, што дава дополнителна тежина на целата оваа работа. Она што не врзува во моментот, првата врзивна точка која што ја имаме помеѓу нас, Алијансата за Албанците и Алтернатива е борбата со организираниот криминал и корупција. Јас се надевам дека ова ќе прерасне во една плодна соработка“, рече Николоски.

Поврзани новости