Почина велосипедистот кој вчера беше прегазен на Партизанска

by Фокус

Велосипедистот, кој вчера беше удрен од автомобил на раскрсницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Франклин Рузвелт, им подлегнал на повредите.

Сообраќајната несереќа се случила кога во шеесет и четири годишниот скопјанец кој управувал велосипед удрил автомобил марка „Ауди“. Автомобилот бил управуван од 20 годишно момче. Велосипедистот со Итна помош бил пренесен во Ургентниот центар, но поради тешките повреди таму починал.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а од возачот на Аудито се земени примероци од урина и крв за испитувања.

Поврзани новости