Скопската обиколница и денеска ќе биде затворена

by Фокус

Поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“, скопската обиколница и денеска ќе биде затворена за сообраќај. Сообраќајот ќе биде во прекин од 05 часот до 18 часот.

Како што соопшти АМСМ, поради снимањето на филмот најавено е дека до крајот на месецов обиколницата ќе биде затворена за сообраќај од 07 до 19 часот.

Дозволата за снимањето на францускиот филм на скопската обиколница ја даде Министерството за транспорт и врски, а според Владата овој потег ќе ја стави Македонија на светската филмска мапа.

Поврзани новости