По 20.000 денари за семејства со лице со попреченост во Валандово, најави Костадинов

by Fokus 23:18
23:18

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов најави нови мерки за поддршка на граѓаните. Помеѓу една од нив е мерката за помош на лица со попреченост, која наиде на најголемо поддржување од страна на јавноста.

Имено, градоначалникот порача дека се воведува нова еднократна парична помош во висина од 20.000 денари, за семејствата со лице со попреченост од Општина Валандово. Мерката ќе започне со реализација во тековната 2022 година и право на користење на истата ќе имаат сите семејства во кои има лице со попреченост.

-Покрај таа мерка, Општина Валандово претходниот период воведе и еднократна парична помош за првачиња, социјално загрозени граѓани и новороденчиња, додека пак за наредниот период, планирана е и мерка која ќе ги поддржи самохраните родители од општината. Развојот на заедницата може да се обезбеди единствено преку целосна инклузија, силна емпатија и безусловна солидарност, како основни човекови вредности. Да се обединеме во човечноста –апелира Костадинов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости