Пиринска Македонија останува тврдина на бугарштината, порача Радев

by fokus

Пиринска Македонија продолжува да биде тврдина на бугарштина, на родољубието и историската вистина од која имаме потреба и денеска, изјави во својот говор на откривањето нов воен споменик во Петрич бугарскиот претседател Румен Радев, кој учествуваше во прославата на годишнината од ослободувањето на градот Петрич, јавуваат бугарските медиуми.

-Овде сé уште се штитат честа и достоинството на македонските Бугари и на нивните вековни традиции и каузи, рече Радев.

Во својот говор бугарскиот претседател додаде и дека „слободата на Пиринска Македонија се претворила во штит за локалното население“.

-Во спас од насилното „обезбугарување“ и зулумите врз бугарската самосвест и родова меморија, во штит против насилно наметнуваните туѓи идеологии што имаа една цел – да избришат се што е бугарско, изјави Радев.

Поврзани новости