Пилотите на германската компанија „Јуровингс“ почнаа тридневен штрајк

by Fokus

 Пилотите на „Јуровингс“ (Eurowings), филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“, денеска го почнаа својот втор штрајк овој месец поради спорот за работните услови, со повик на синдикатот за тридневен прекин на работата.  На аеродромот во Дизелдорф откажани се 102 од вкупно 171 лет за денеска, јави агенцијата ДПА.  

Пилотите бараат да се намали максималниот број часови летање. Тие претходно организираа еднодневен штрајк на 6 октомври. Раководството на авиокомпанијата го оквалификува последниот штрајк како непропорционален и неодговорен.

Штрајковите во матичната компанија „Луфтханза“ завршија во септември, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите.

Поврзани новости