Пијани велешани се истепаа во казино – се трезнеа во полициска станица

by irena 14:45
14:45

МВР информира дека рано утринава во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги приведоа Џ.А.(46) и Б.Ј.(24), двајцата од Велес, затоа што во казино во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување.

По преземени мерки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Џ.А. му биле измерени 1,54 промили, а на Б.Ј. 1,47 промили алкохол во крвта.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

Слични вести