Тага во Србија – три деца се удавија во река

by irena 14:55
14:55

Три деца се удавија во реки во Србија минатиот викенд, јавуваат српските медиуми.

Девојче (14) се удави во Велика Морава во селото Доња Ливадица во близина на Велика Плана, објави Танјуг.

Како што дознава, нејзиното тело е пронајдено вчера од страна на жандармерските нуркачи.

Според првичните информации, таа шетала со својата пријателка, а потоа пливале во реката. Едното излегло од реката, а другото не.

По веста за трагедијата во селото Доња Ливадица, беше објавено дека двајца петнаесетгодишници се удавиле во Сталац во близина на Крушевац истиот ден.

Две 15-годишни момчиња се удавиле во Јужна Морава, пренесе Танјуг.

Медиумите јавуваат дека несреќата се случила додека момчињата ловеле риба, ги повлекла струјата.

Слични вести