Пијан татко тепаше син во општина Чашка

by irena 15:16
15:16

МВР информира дека синоќа во 19:30 часот полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(53) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 20-годишен син.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,03 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести