Малолетник со мотоцикл удри во карпа во валандовско

by irena 15:13
15:13

МВР информира дека доцна синоќа околу 23:50 часот во ОВР Валандово е пријавено дека на општинскиот пат од крстосницата на с. Прстен кон с. Башибос, валандовско, 15-годишен малолетник од с. Башибос, управувајќи мотоцикл „педа“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во карпа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Гевгелија.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.

Слични вести