Пијан скопјанец им пречел на пожарникарите додека му ја спасувале куќата, полицијата го привела

by fokus

Пожар избувнал синоќа во куќа на „3-та Македонска Бригада“ во Аеродром, поради што интервенирале екипи на Територијалната противпожарна служба. Од полицијата известуваат дека сопственикот на куќата бил приведен затоа што бил во алкохолизирана состојба и ги попречувал пожарникарите.

„На 16.01.2019 година околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје избувнал пожар во куќата сопственост на О.Е.(62) од Скопје. Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром. Увид на местото ќе се врши во текот на денот’, соопштија од МВР.

Поврзани новости