Пет угостителски објекти во Скопје затворени

by Fokus

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес конференција информираше за преземените чекори и спроведените инспекциски контроли во земјава.

Како што истакна таа, направени се вкупно 1319 надзори на ниво на целата територија на Северна Македонија.

Затворени се пет угостителски објекти сите во Скопје, при што таа истакна дека се почитуваат мерките на Владата. Забрана за употреба има на 60 кафемати, а најголем дел од трговците ја почитуваат одлуката за замрзнати цени на производите.

Исто така, посочи Грашкоска, се почитуваат мерките и во автобускиот превоз, а се одржува ред и во аптеките.

Поврзани новости