Шилегов: Бездомните животни ќе ги хранат активистите кои имаат дозволено двочасовно движење за време на полицискиот час

by Fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов преку својот профил на Фејсбук информираше дека активисти за заштита на бездомните животи ќе можат по два часа да ги хранат за време на полициски час.

„Би сакал да Ве известам дека на денешната седница на Државниот кризен штаб, донесовме одлука, да за времетраење на претстојниот викенд и се’ додека општо трае полицискиот час, активистите за благосостојба на бездомните животни, да можат по два часа дневно да се движат со цел да може да се нахранат бездомните животни.

За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до утре 16.04. до Министерството за администрација и информатичко општество да достави заверен список – барање со потребните податоци содржани на веб страната) од по 5 активисти од секое здружение, кои ќе добијат дозволи за времено движење во текот на полициски час (и после викендот), а со цел да се нахранат бездомните животни“, напиша Шилегов на својот профил.

Поврзани новости