Пешевски бара на јавна седница да се одлучува по неговата жалба за одземениот пасош

by fokus

Одбраната на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, кој е еден од осомничените во случајот „Траекторија“ на СЈО, побарала на јавна седница да се разгледува неговата жалба поднесена до Апелациониот суд за одземениот пасош.

Покрај оваа жалба, вчера во 16 часот, во Апелациониот суд стигнала и жалбата поднесена од СЈО, за истиот предмет, со која бара притвор за Пешевски.

По жалбата на СЈО, второстепениот суд има рок од 48 часа да донесе одлука, значи утре до 16 часот, бидејќи се бара мерката притвор, а по жалбата поднесена од Пешевски нема рок.

В.В.

Поврзани новости