Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе достави претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на кандидатката Гордана Силјановска-Давкова и од политичката партија ВМРО-ДМПНЕ, којашто ја поддржува нејзината кандидатура.

Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати, на јавните собири и митинзи, искажаа лични навреди и клевети за кандидатот за претседател Пендаровски, коишто, освен што го нарушуваат неговото достоинство и неговите чест и углед, исто така содржат и елементи на говор на омраза, со што наведените може да поттикнат други лица да сторат дела од омраза, соопштија од неговиот штаб.

Оттаму велат дека „Пендаровски материјалот ќе го достави до ДИК, чијшто Кодекс за фер и демократски избори го потпиша кандидатката и партијата која ја поддржува, понатаму до набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, до делегација на ЕУ, како и до амбасадите на земјите членки на НАТО и Европската Унија, во нашата земја“.

Со оглед на тоа што Државната изборна комисија одлучува по приговори, а не по претставки, во врска со почитувањето на одредбите од Изборниот законик и до неа ќе се достави материјалот, заради нивно информирање.

Тие, како носители на изборниот процес, имаат морална обврска да се запознаат со флагрантното кршење на Кодексот од кандидатката и партијата ВМРО-ДПМНЕ, велат од таборот на Пендаровски.

 

Поврзани новости