Пендаровски очекува членките на ЕУ да бидат доследни и да ги исполнат ветувањата

by fokus

Почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување на политичката култура во земјата, укажа претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар, соопшти кабинетот на шефот на државата.

– Очекуваме од лидерите на членките на Европската Унија да бидат принципиелни и доследни на дадените ветувања. Да го валоризираат сработеното и да овозможат Република Северна Македонија да постигне успех на планот на евроинтеграциите, истакна претседателот Пендаровски на средбата со евроамбасадорот Жбогар.

Двајцата соговорници се согласија дека Република Северна Македонија е единствена функционална демократија во регионот, со оглед на успешно организираните и спроведени претседателски избори, изборот на претседател, како и коректноста на опозицијата во контекст на изборниот процес и признавање на резултатите и волјата на граѓаните.

Поврзани новости