Пендаровски го потпиша указот за заеднички контроли на Табановце-Прешево

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево.

Со Договорот, потпишан на 12 јули 2019 година во Белград, се предвидува воспоставување заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево.

-Претседателот Пендаровски смета дека воспоставувањето на заедничките контроли позитивно ќе придонесе за натамошното унапредување на билатералната комуникација меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, и ќе придонесе за олеснување на движењето на граѓаните и трговската размена, а ќе се поедностави и регулацијата на сообраќајот на државната граница, соопштуваат од неговиот Кабинет.

Според шефот на државата, постигнатиот Договор треба да претставува поттик во насока на овозможување заеднички контроли и на граничните премини со другите соседни држави.

Поврзани новости