ПДП: Во Македонија немa странски инвестиции, туку владини бенефиции за спас на странски компании

by Фокус

Интервјуто на Филип Ван Хол , директорот на фабриката „ Vanhool„ за белгискиот магазин „Тренд„ ја потврдува констатацијата дека во Република Македонија нема реални странски инвестиции туку владини парични и други бенефиции за спас на странски компании кои се наоѓаат пред ликвидација, тврдат од партијата ПДП.

– Тргнувајќи од аргументите на Ванхол за спас на неговата фабрика ПДП жали што во блиското минато македонските влади, без оглед како се викале, многу македонски фабрики како Ванхол ги ставиле под стечај за да потоа ги приватизираат и партиски поединци станаат тајкуни. Постапувајќи на овој начин Владата ги ставила во нерамноправна уставна положба домашните со странските инвеститори. ПДП навистина жали што Владата вложила 17 милиони евра субвенции, што претставува 51отсто од вкупниот инвестиционен капитал во оваа фабрика која има дискриминаторска политика при вработувањето и од вкупно 600 работници колку ги имаше во февруари оваа година само петмина беа од етничките заедници и кога се знае дека парите од субвенциите се давачки на даночните обврзници на сите граѓани на државата – се наведува во соопштението на ПДП.

Оттаму ја повикуваат владата пред јавноста да објасни кои се нашите реални економски придобивки од оваа и сличните странски инвестиции.

Поврзани новости