СМК бара дијаспората да не биде исклучена од гласачкиот процес и правна разрешница за случајот „Прислушување“

by Фокус

Светскиот македонски конгрес (СМК) бара да не се менува изборниот модел во Македонија, дијаспората да не биде исклучена од гласачкиот процес и секој Македонец, од каде и да е, да може да добие македонско државјанство.

Според СМК, дијаспората треба да избере свои претставници во парламентот кој ќе биде составен по априлските избори идната година. СМК инсистира да не се менува изборниот модел и начинот на гласање.

Конгресот бара правна разрешница на случајот „Прислушување“, и транспарентен судски процес за случајот „Пуч“, со целосно, како што изјави претседателот Тодор Петров, почитување на презумцијата на невиност. Овие неколку точки се внесени во Резолуцијата на Генералното собрание на Светскиот македонски конгрес што се одржа денеска.

 

Поврзани новости