ПДП: Уставен суд отвора пат за изборни нерегуларности

by Фокус 12:08
12:08

Партијата за демократски просперитет (ПДП) смета дека иницијативата на Уставниот суд за поведување на постапка за оценување на уставноста на член од  Законот за помилување во делот на изборни нерегуларности е со намера да се отвори патот за изборни манипулации нанаредните предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2016 за да коалицијата на власт уште еднаш дојде на власт со изборни нерегуларности, се наведува во реакцијата од партијата.

– Таквата иницијатива е во спротивност со Извештајот на Прибе за обврската да се оддели државата од партијата и да не се применува селективната правда во нашата земја. ПДП констатира дека во случај да се укине тој дел од Законот за помилување тогаш со неговата одлука Уставниот суд ги отвара на широко патиштата за ослободување од вината на лицата осомничени за злосторничко здружување, за фалсификување за време на претседателските и локалните избори во 2013 година. Овој потег на Уставниот суд како и притисокот на другите судски институции врз работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева јасно зборува до кој степен судскиот систем во Македонија е партизиран и дали може оваа власт навистина да организира фер и демократски избори – се наведува во соопштението од партијата.

- Advertising -

Поврзани новости