Пациент заразен со Ковид-19 нападна лекар и медицински сестри во Ниш

by fokus

Скандал ја потресе Инфективната клиника во Ниш, бидејќи 64 – годишен пациент заразен со коронавирус физички ги нападнал дежурниот лекар и медицинските сестри на интензивна нега.

Пациентот неколку дена се лечел на Инфективната клиника поради последици од коронавирусот и се наоѓал на кислородна поддршка на одделението за интензивна нега.

Веднаш по нападот се обидел да избега од клиниката, но бил спречен од обезбедувањето. Полицијата го расчистува случајот.

Поврзани новости