Патнички авион од Осака за Париз се вратил назад по дефект над Пацификот, нема повредени

by Fokus

Патничкиот авион на „Ер Франс КЛМ“, кој летал од Осака, Јапонија за Париз, денеска се вратил на аеродромот на полетување, откако радарот за временска прогноза и брзиномерите се расипале за време на летот над Тихиот Океан, јави агенцијата Кјодо.

Ниту еден од 324-те патници и членови на екипажот не е повреден, но предниот раб на авионот е оштетен и се истражува причината, соопшти агенцијата, повикувајќи се на канцеларијата на Министерството за транспорт на меѓународниот аеродром Кансаи, пренесе новинската агенција „Срна“

Авионот Ербас А350 полетал од аеродромот Кансаи во 11:15 часот по локално време, а се вратил и безбедно слетал на истиот аеродром во 14:25 часот.

Поврзани новости