Партијата на Лилјана Поповска ќе коалицира со СДСМ на локалните избори

by Fokus

ДОМ предводена од пратеничката Лилјана Поповска на синоќешната конвенција донесе одлука за заеднички настап со коалицијата предводена од СДСМ на претстојните локални избори, соопштија од партијата.

– Делегатите донесоа конечна одлука за заеднички настап со коалицијата предводена од СДСМ. Оваа одлука следеше по позитивниот став на Централниот одбор на ДОМ во однос на предлогот на СДСМ. Во дискусиите на конвенцијата беше ценета вкупната политичка ситуација во земјата и потребата за продолжување на реформските процеси преку обединување на силите – информираат од ДОМ.

 

Поврзани новости