Папата за Украина: Сите страни да се воздржат за да не страда населението

by fokus

 Папата Франциск денеска нагласи дека во Украина се појавуваат „се поалармантни сценарија“ што го загрозуваат „мирот на сите“ поради стравувањата од руска инвазија.

„И покрај дипломатските напори во изминатите недели, се појавуваат се поалармантни сценарија“, рече понтифот на крајот од неговата неделна аудиенција.

„Ги замолувам сите инволвирани страни да се воздржат од каква било акција што може да предизвика уште повеќе страдања за населението“, рече папата Франциск.

Поврзани новости