Пандев: Ангеловски требаше да го заврши овој циклус!

by Fokus

Се уште останува тагата што Македонија не успеа да добие барем бод од Европското првенство, на кое запиша три порази.

Ова е ставот на веќе екс-капитенот, Горан Пандев кој порача дека се повлекува од репрезентацијата и вчера го одигра својот последен 122 натпревар.

„Жал ни е што не освоивме барем еден бод. Бевме и блиску и далеку од него. Сепак, ова е ново искуство за нас и верувам дека оваа генерација во иднина ќе носи уште позитивни резултати за Македонија. Што се однесува до Ангеловски, сметам дека требаше да го заврши овој циклус, но знаеме како функционираат работите кај нас“, истакна Пандев.

Фото – ФФМ

Поврзани новости