Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен”за новата Влада

by Fokus

Денеска во 14 часот, во Белата палата, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Влен”, ќе одржат прва средба за договор за формирање на новата Влада.

Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Изет Меџити претходно изјави дека Владата ќе има околу 80 пратеници.

Уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.

Преговорите се далеку од точката за распределба на ресори, но ,, Влен” не се задоволува со минорно учество и ресори.

И ВМРО- ДПМНЕ смета дека со оглед на освоените мандати, најважните функции тие треба да ги раководат.

Поврзани новости