Панчевски изземен од случајот со градежната инспекторка од Центар

by fokus

Апелацискиот суд донесе одлука за изземање на претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, како и судијата на претходната постапка, Славјанка Јанкоска, во случајот каде што овластената градежна инспекторка од општина Центар е тужена.

Адвокатот на инспекторката, во поднесеното  барање за изземање на судија кој постапува и на претседателот според член 33, став 2 од Кривичен законик, наведува дека причина за изземањето е постоење основа за непристрасност за постапување на судиите поради фактот што како оштететен се јавува претседател на судот,  па поради колегијалните односи се доведува во прашање постапувањето на судиите.

Панчевски изјавил дека не постојат причини за негово изземање, бидејќи освен колегијални, нема лични односи со судиите.

Поврзани новости