Панчев: Нема да ја откријам Америка ако кажам дека ќе сме аутсајдери на ЕП!

by Fokus

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во интервју за агенцијата „Анадолу“, говореше за претстојното Европско првенство во фудбал, кое започнува од средината на јуни.

Македонија на 13 јуни ќе дебитира на ЕП против Австрија, на 17 јуни ја чека пресметка со Украина, двете во Букурешт, а потоа на 21 јуни ќе се соочи со Холандија во Амстердам. Според Панчев, нашата селекција е аутсајдер на ова натпреварување.

„Нема да ја откријам Америка ако кажам дека ќе бидеме аутсајдери. Тоа на сите им е јасно, но се надевам дека можеме барем еден противник да изненадиме. Многу е важно да оставиме добар впечаток и да не бидеме вреќа за боксирање. Тоа што Македонија се пласира на Европско, на Европа ништо не ѝ значи. Нив нормално им е да играат, најголемиот дел од тие селекции секои две години играат на некој голем турнир и затоа за да ги импресионираме, мора да победиме барем една од овие три селекции кои се во нашата група“, вели Панчев.

Поврзани новости