Палевски: Заев го крие терористот кој му ја расцепи главата, а останатите чмаат по затвори!

by fokus

Активистот Љупчо Палевски го критикуваше премиерот Зоран Заев, за како што вели, го крие човекот кој го нападнал нанесувајќи му видливи повреди во Собранието на 27 април, 2017 година.

„Слушнав негова изјава на Алсат-М, каде тој мртов-ладен дека оној кој му ги направил најголемите лузни, го познава и дека имал две деца, но него го крие затоа што го немало на камерите. Значи, терористот број еден од 27 април, што него му ја расцепил главата, Зоран Заев не го кажува и го крие. А, сите останати кои биле во салата, денеска одговараат и чмаат по затвори“, истакна Палевски во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа.

Поврзани новости