Пахор го одложи процесот „Брдо Бриони“ поради ризик од зараза, и Пендаровски нема да оди

by Frosina Fakova

Словенечкиот претседател, Борут Пахор ја одложи средбата на Процесот Брдо-Бриони, што требаше да се одржи в понеделник, 29 јуни, во Крањ, поради епидемиолошката состојба, односно поради опасноста со зараза од Ковид-19.

Пахор го одложил состанокот, откако бил информиран за најновата епидемиолошка состојба во земјите членки на Процесот Брдо-Бриони.

На состанокот, како што се наведува во соопштение од неговиот Кабинет, требаше да присуствуваат претседателите на земјите членки на иницијативата, меѓу кои и македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

Пахор ги известил претседателите на тие држави дека мора да ја одложи закажаната средба, бидејќи како домаќин, и покрај многу планирани мерки, тој не може да обезбеди услови во кои нема да постои ризик од пренесување на инфекцијата.

Пахор се надева дека подобрувањето на епидемиолошката состојба ќе овозможи состанокот да се одржи што е можно поскоро.

Поврзани новости