Падна хеликоптер во Русија, шест лица загинаа седум се повредени

by Fokus

Шест лица загинаа при пад на хеликоптер Ми-8 во селото Тунгур на планините Алтај во Сибир. Ова за РИА Новости го изјавија од регионалниот штаб на Министерството за вонредни ситуации.

„Хеликоптерот се запали при слетување во Тунгур во Република Алтај. Според прелиминарните податоци шест лица загинаа, а седум се повредени“, соопшти Министерството.

Како што е наведено во Министерството за вонредни состојби, приватниот Ми-8, како што се претпоставува, при приближувањето допрел електрична жица и се запалил.

Противпожарните и спасувачките единици се на терен.

Поврзани новости