Отворени избирачките места

by fokus

Гласањето за нов парламентарен состав се одвива во 3.480 избирачки места во шесте изборни единици во земјава. Сите избирачки места навреме беа отворени во 7 часот наутро, а ќе се затворат во 19 часот вечерва.

Во земјава ќе гласаат 1.531.368 граѓани

Новина за предвремените парламентарни избори е тоа што на Избирачкиот список има и вметнато и фотографија од најново издадената идентификација на државјанинот.

Палците на гласачите ќе бидат обележани со безбоен спреј што може да се препознае само под УВ ламба. Како важечки гласачки ливчиња ќе се сметаат само оние  каде е заокружен редниот број на кандидатската листа, носителот или сибмолот на колицијата или паритјата, а другите ознаки, како тријаголници, иксови, нема да се важат.

Поврзани новости