Бајден потпиша документ за забрана на ТикТок

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша неколку нацрт-закони, вклучително и оној со кој ТикТок е чекор поблиску до забрана во САД.

Бајден потпиша нацрт-закон неодамна усвоен од американскиот Конгрес со кој се бара од кинеската ByteDance да го продаде ТикТок или ќе се соочи со забрана на американскиот пазар.

Оваа продажба мора да се случи во рок од девет месеци или една година доколку Бајден се согласи да го искористи продолжувањето од 90 дена. ТикТок веќе вети дека ќе се бори против мерката.

Загриженоста за потенцијалниот ризик за националната безбедност лежи во фактот што кинеските закони и дозволуваат на владата да бара податоци од компаниите, што може да доведе до загрозување на приватноста на американските корисници.

Иако ТикТок тврди дека податоците на американските корисници не се наоѓаат во Кина, туку во Сингапур, постојат стравувања дека кинеската влада би можела да манипулира со платформата.

„Овој неуставен закон значи забрана за ТикТок и ние ќе одиме на суд да го оспориме. Ова ќе уништи седум милиони бизниси и ќе се одземе гласот на 170 милиони Американци“, соопшти ТикТок.

Извршниот директор на ТикТок ова го нарече „разочарувачка одлука“ и ја повтори посветеноста на компанијата правно да го оспори законот.

Поврзани новости