Ден на жалост во Турција по двојниот бомбашки напад

by fokus

Над 29 луѓе загинаа, а 166 се ранети во двете екслпозии пред фудбалскиот стадион во центарот на Истанбул.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солу информира дека најголем дел од загинатите се полицајци, а за нападите се уапсени десет лица.

Првата експлозија била причинета од автомобил бомба пред еден автобус со полицајци пред Водафон Арената во Истанбул каде што играле фудбалските тимови Бешикташ и Бурсаспор.

Другата ексползија била во блискиот парк и се случила 45 секунди по првата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека станува збор за терористички напад и прогласи ден на жалост во земјата.

Поврзани новости