Отповикана македонската амбасадорка која беше назначена без ден дипломатско искуство

by fokus 11:46
11:46

Македонската амбасадорка во Хрватска, Даниела Караѓозоска е отповикана од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во оваа земја. Таа беше назначена за амбасадорка без ниту еден ден диплломатско искуство. Пред да стане амбасадорка била сопственичка на дом за стари лица и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Во јавноста стана позната откако со кофа и сунѓер го миеше дипломатскиот автомобил пред резиденцијата во Загреб, а кога поранешната министерка Гордана Јанкулоска си поднесе оставка, на својот фејсбук профил Караѓозоска напиша дека жали.

За „Шарената револуција“ таа коментираше дека граѓаните кои протестираат биле  инспирирани од „странски фактори“.

Поврзани новости