Осум пациенти заразени со корона вирус загинаа во пожар во турска болница

by Fokus

Осум лица денеска загинаа во пожар што избувнал на Оддел за интензивна нега на кој се лекувале пациенти со Ковид-19 , во приватна болница на југот на Турција, јавија турските државни медиуми.

Агенцијата Анадолија информира дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во Одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.

Агенцијата наведува дека жртвите биле на возраст меѓу 56 и 85 години и дека 14 пациенти се пренесени во други болници.

Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за случајот е во тек.

Досега во Турција од корона вирус се заразени 1,98 милиони лица, а умреле 17.610.

Поврзани новости