Осудените во „Тврдина 2“ веќе еднаш биле суспендирани, но Чавков ги вратил на работа

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешниот брифинг со новинарите информираше дека вработените во МВР и УБК кои се опфатени со обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство веќе еднаш биле суспендирани кога актуелниот министер ја извршуваше истата функција во техничката власта, но неговиот наследник, Митко Чавков, ги вратил на работа.

Под суспензија биле и седуммината обвинети во предметот „Тврдина 2“ кои судот денеска ги прогласи за виновни. Меѓу нив се и шестте службенички од Управата за безбедност и контраразузнавање.

-Донесов решение за суспензија на сите вработени што беа опфатени со истрагите на СЈО, односно да бидат суспендирани се додека траат постапките, но откако заминав од функцијата, наследникот ги врати сите на работа. Кога стапив повторно на функцијата не можев да преземам ништо, затоа што не може за иста работа два пати да се води дисциплинска постапка – рече Спасовски.

Тој појасни дека во мирување е работниот однос на бегалците и поранешни началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски. И двајцата се уште се водат како вработени во МВР откако нивните адвокати побарале да им мирува работното место, но дека тие не земаат плата.

Поврзани новости