Вангеловски: На Џолев лично ќе му честитам за изборот за претседател

by fokus

Јово Вангеловски, претседател на Врховниот суд, денеска не присуствуваше на седницата на Судскиот совет на која што судијата Иван Џолев беше избран за претседател на Кривичниот суд.

Вангеловски појаснува дека за своетот отсуство писмено го известил Судскиот совет.

-Не присуствував поради спреченост заради претходно закажани обврски кои не трпат одлагање и за тоа го известив писмено Судскиот совет, ни одговори Вангеловски.

На нашето прашање, пак, што ќе му порача на новиот претседател, Вангеловски вели:

-На новиот претседател ќе му честитам и посакам успех во работата лично, не преку медиуми, истакна претседателот Вангеловски.

Џолев беше избран со 11 гласа „за“ и два гласа „против“. Покрај него, во трката за претседател на Кривичниот суд беа и судиите Весна Димишкова, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Верка Петковска, Осман Шабани и екс претседателот Владимир Панчевски.

Поврзани новости