Остра дебата меѓу Мицкоски и Апасиев – кој има поголем имот?

by vlatko 19:26
19:26

Остра дебата се водеше на денешните пратенички прашања меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и премиерот Христијан Мицкоски, која од прашање за приватната агенција која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во Кочани заврши во расправа за тоа која партија колкав имот има.

Апасиев зборуваше за агенцијата „Рубикон“ чиј вистински соптвеник е Александар Нацев. Апасиев на говорницата извади фотографии на кои Нацев е со врвни вмровски личности и со Мицкоски, и го праша премиерот дали ќе остане на зборот дека ќе си поднесе оставка ако се докажала поврзаноста на агенцијата на Нацев со ВМРО-ДПМНЕ?

Оквалификувајќи ги зборовите на Апасиев како лаги, Мицкоски извади документи за тоа какви трансакции се вршеле во Левица.

Мицкоски на собраниската говорница прочита извадок од записник во кој Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ во Скопје за 250.000 евра, оти се работи за четири нивоа и дека два–три месеци се преговарало со Унибанка.

Потоа кажа дека свиркач до нив доставил список на стотици трансакции на пари префрлани од Левица на трансакциска сметка на Апасиев и на пратеникот и кандидат за градоначалник Амар Мециновиќ, споменувајќи суми од 20.000, 30.000 денари…

Во дополнителното прашање, Апасиев рече дека Мицкоски е единствен премиер во Европа кој не одговара прашања на пратеници, туку поставува прашања до нив.

Притоа, тој прочита бројка од 102 имоти на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека само партиското седиште вреди 8 милиони евра.

Слични вести