Генерали, спортисти, лекари се најдоа на советничките листи на ЗНАМ

by vlatko 19:04
19:04

ЗНАМ денеска ги соопшти носителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во градот Скопје.

Портпаролот Никола Мемов рече дека на последната седница на Извршниот одбор била усвоена одлука на претстојните избори да настапат со свои советнички листи во 53 општини, плус Градот Скопје.

На чело на советничката листа за Скопје е генерал Горанчо Котевски, поранешен началник на Генераштабот на Армијата.

За носител на листата во Аеродром, предложен е поранешниот фудбалер Љупчо Марковски Калц.

Во Центар предложен е Крумислав Мишко Барзов, познавач на настаните во автомобилската индустрија.

За носител во Карпош предложен е Јасмин Циривири, хирург ортопед во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје,  за носител во Бутел предложен е Ѓорги Чековски, поранешен кочаркар, за носител во Гази Баба предложен е Зоран Доневски, пензиониран началник во полицијата.

Понатаму, во Ѓорче Петров предложен е уште еден поранешен кошаркар, Тони Симиќ, за носител во Кисела Вода предложен е Сашо Петровски, приватен стопанственик, а во Чаир Николче Наумов, адвокат.

Извршниот одбор донел одлука за поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Кочани Влатко Грозданов.

Слични вести