Османи: Поспремни сме од било која земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, за Утрински брфинг на Слободна ТВ, вели дека во октомври сите процениле дека Македонија е подготвени за почеток на преговори.

– Во 2020 има три одлучувачки самити. Ние работиме за оној во 26 март. Редовните извештаи на ЕУ се во април. Од ЕУ сакаат да објават вонреден извештај во февруари за да има врз основа на што да се донесе одлуката на самитот во мај. Но ставот нивни е дека нема по секоја цена да се оди на извештај доколку не се почувствува клима дека не може да се донесе одлука во март, за да не се случи уште една препорака да заврши неуспешно во март и дополнително ќе ги зголеми фрустрациите кај луѓето, изјави во гостување во Утрински брифинг на „Слободен печат. Ние не ретерираравме од октомври за да ја сменат оценката за нас, а тоа е дека сме поспремни од било која земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори, вели Османи.

Поврзани новости