Османи ќе ја пречека косовската вицепремиерка Гервала Шварц

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Доника Гервала Шварц.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите меѓу двајцата министри се очекува да бидат прашања значајни за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за подготовките на планираната заедничка владина седница и перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена.

Актуелните состојби во регионот, регионалната соработка, европската и евро-атлантската интеграција на земјите од Западен Балкан, соработката во рамките на борбата против корона вирусот и други актуелни меѓународни теми исто така се очекуваат да бидат теми на разговорите.

Поврзани новости