476
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од утре ќе престојуваат во дводневна работна посета во Брисел.
Османи ќе оствари средби со потпретседателката на Европската Комисија и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, како и со Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.